Пленковиќ ѝ одржа лекција на Софија, но дали и Загреб ја научи?

Не е честа појава еден европски премиер толку отворено да проговори за неправдите што билатералните блокади им ги нанесуваат на земјите кандидатки за членство во Европската Унија. Уште поретко се случува како пример да ја посочи токму Македонија и јавно да констатира дека две држави и одзеле цели 21 година од нејзиното институционално приближување кон Унијата. Токму тоа го направи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на 15 октомври 2026 година, во Брисел, пред почетокот на состанокот на Европскиот совет говорејќи за европската перспектива на Црна Гора и за отворените прашања меѓу Загреб и Подгорица. Признавам, неговата изјава го привлече моето внимание не само поради признанието за неправдата нанесена врз Република Македонија, туку и поради една очигледна противречност. Ако билатералните блокади ѝ нанеле толкава штета на Македонија, дали Хрватска има политичко и морално оправдување да го условува европскиот напредок на Црна Гора со решавањето на сопствените билатерални прашања? Токму во одговорот на ова прашање се наоѓа суштината на изјавата на Пленковиќ. Кога во 2000 година се одржа Загрепскиот самит, Македонија беше пред Хрватска во институционалното приближување кон ЕУ. Во 2005 година добивме кандидатски статус, а Хрватска, која тогаш ги започна пристапните преговори, во 2013 година стана полноправна членка на Унијата. Македонија, пак…
Povezane vijesti

Пленковиќ: „Ова е различно од 21 година блокада за Скопје“

Пленковиќ: Две држави членки на Европската Унија ѝ одземаа на Македонија 21 година од нејзиното институционално приближување кон Унијата
