klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пиво по рецепт на Вашингтон од 1757. за 250-годишнината од независноста на САД

Пиво по рецепт на Вашингтон од 1757. за 250-годишнината од независноста на САД
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 07. 2026. 06:56:36

​​Во чест на 250-годишнината од незавнисоста на Соединетите Американски Држави, Јавната библиотека во Њујорк соработуваше со една тамошна пиварница за да произведе пиво според изворен рецепт на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон (1732 - 1799). Според наводите, Вашингтон го запишал рецептот во тетратка во 1757 година, додека сè уште бил воен командант. Таа тетратка сега се чува во архивата. Пивото, коешто веројатно не било особено силно, веројатно било наменето за војниците во тоа време - можело брзо да се подготви и пие без страв од бактерии, бидејќи тие не го преживуваат процесот на производство. Во споредба со денешното пиво, тоа е сè уште значително послатко, бидејќи една од главните состојки е шеќерниот сируп. САД овој викенд го прославија својот јубилеј - 250 години од независноста, прогласена на 4 јули 1776 година. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti