klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Пирова победа за Турција против САД

Пирова победа за Турција против САД
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 06. 2026. 06:36:44

Репрезентацијата на Турција постигна победа од 3:2 против домаќинот на Мундијалот САД во третото коло, но ова е пирова победа бидејќи го заврши шампионатот. На вториот дуел во Д групата, Парагвај и Австралија одиграа без голови 0:0. Американците поведоа во дуелот со Турција во 3.минута со голот на Остон Трусти, а во 10.минута изедначи Арда Ѓулер. Турција со голот на Бариш Јилмаз поведе во 31.минута, а на стартот од вториот дел (49 минута) Себастијан Берхалтер изедначи на 2:2. Победата на Турција ја донесе Каан Ајхан во 90+8 минута. На табелата во групата САД со 6 бодови се први, пред Австралија со 4 (гол-разлика 0) и се пласираа во следната рунда, додека Парагвај има 4 бодови (гол-разлика-2) и ќе го чека исходот од другите групи. Турција со 3 бодови е последна и го заврши настапот на Мундијалот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti