ПИОМ: Податоците на граѓаните се сигурни, голем дел од утврдените пропусти веќе се надминати

Податоците на пензионерите и осигурениците не биле и не се компромитирани, соопшти Фондот на пензиското и инвалидското осигурување по повод објавениот извештај на Државниот завод за ревизија за неговите информатичко-комуникациски системи. Од Фондот велат дека голем дел од утврдените пропусти биле надминати уште за време на ревизорскиот процес, додека значителен дел од препораките се целосно реализирани или се во напредна фаза на спроведување. Во реакцијата, Фондот ги поврзува констатираните состојби со управувањето со институцијата во периодот до септември 2024 година. Оттаму оценуваат дека долгогодишното отсуство на стратегија за сајбер-безбедност и занемарувањето на основните безбедносни стандарди ја изложувале на ризик стабилноста на пензискиот систем. Нови системи за заштита и резервна инфраструктура Според соопштението, во текот на 2025 и 2026 година се преземени повеќе активности за модернизација на информатичката инфраструктура и зајакнување на безбедноста. Меѓу нив се воведувањето системи за откривање и одговор на закани кај крајните уреди — EDR, како и услуги за управувано откривање и одговор на безбедносни закани — MDR. Воспоставено е и централизирано следење и анализа на безбедносните настани, а завршени се активностите за сегментација на мрежата и дополнително зајакнување на контролите за пристап. Во 2025 година, како што наведуваат од Фондот, на посебна локација надвор од седиштето…
Povezane vijesti

ДЗР: Во Фондот за пензиско нема вработени за ИТ-безбедност, опремата е застарена, а податоците несигурни

Фондот за пензиско нема доволна заштита на податоците, ниту доволно вработени во ИТ секторот, алармира ДЗР
