klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пилешко во сос од печурки

Пилешко во сос од печурки
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·22. 07. 2026. 08:31:15

Состојки: 4 пилешки шницли 500 грама печурки 1 главица кромид 1/2 пакување путер 1 пакување павлака за готвење 1 кафена лажичка сенф прстофат сол прстофат бибер прстофат кари во прав магдонос Подготовка: Исчукајте ги пилешките шницли додека не станат тенки, а потоа зачинете ги со сол, бибер и кари во прав. Оставете ги да отстојат околу 10 минути. Загрејте тава и додадете ја половината од путерот. Штом путерот се растопи и загрее, додадете го пилешкото и пржете го додека не добие златно-кафеава боја. Кога пилешкото ќе биде готово, извадете го од тавата и оставете го настрана. Во истата тава во која го пржевте пилешкото, додадете го ситно исецканиот кромид. Кратко пропржете го кромидот, а потоа додадете ги исецканите печурки. Додадете малку вода, поклопете ја тавата и оставете да се динста на тивок оган околу 15 минути. Откако ќе испари течноста од печурките, додадете ја павлаката за готвење и една кафена лажичка сенф, па зачинете по вкус. Кога печурките ќе бидат готови, вратете го претходно подготвеното пилешко во тавата. Измешајте сè заедно и јадењето е подготвено за послужување. Декорирајте со сецкан магдонос.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti