Пилешко во сос од горгонзола

Брзо, кремасто и неверојатно сочно – ова пилешко е идеален избор за вкусен ручек или вечера. Богатиот сос од горгонзола, бело вино и павлака му дава посебен, ароматичен вкус, а подготовката е едноставна и брза. Состојки: 600 г пилешко месо, исечено 200 г горгонзола, исечкана на парчиња 100 мл неутрална павлака за готвење 100 мл бело вино 1 мала главица кромид 1–2 лажици путер мешавина од зачини Прованса сол и црн бибер по вкус Подготовка: Пилешкото зачинете го со прованса зачин, малку сол и бибер. Во тава растопете го путерот и испржете го месото на средна температура околу 10–15 минути, додека убаво не се испече. Извадете го од тавата. Во истата тава ставете го ситно исечканиот кромид и пропржете го додека не омекне и добие златеста боја. Додајте го белото вино и оставете неколку минути да испари алкохолот. Додајте ја горгонзолата и мешајте додека не почне да се топи. Потоа додајте ја неутралната павлаката за готвење и мешајте додека не добиете мазен и кремаст сос. Вратете го пилешкото во тавата и оставете го да се готви уште 1–2 минути, за месото убаво да се соедини со сосот. Послужете го топло.
Povezane vijesti

Божиновска во Брисел: Со заеднички сили до стратегија за чиста енергија

Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем, неопходна е меѓународна соработка
