Пезешкијан: Време е да ѝ се стави крај на војната со САД додека сме во силна позиција

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека е време да се стави крај на војната со САД додека Иран се наоѓа во силна позиција. - Подобро е да ѝ ставиме крај на војната сега, додека сме во силна позиција и со зачувано достоинство, односно додека целиот свет ја признава нашата победа и нагласува дека САД ги напаѓаат нашите училишта, болници и инфраструктура, прекршувајќи ги сите правила - изјави Пезешкијан за време на средбата со медицински работници. Воениот конфликт меѓу САД и Иран започна на 28 февруари со американско-израелски напади врз Исламската Република, на кои Техеран одговори со ракетни и воздушни удари врз Израел и американските бази во регионот. На 7 април беше договорен прекин на огнот, а во јуни Вашингтон и Техеран потпишаа меморандум за решавање на конфликтот. Сепак, договорот во меѓувреме се распадна, па на 7 јули борбените дејства беа повторно обновени. Преговорите за траен мир оттогаш се наоѓаат во застој, а едно од главните спорни прашања останува Ормуската Теснина – Иран инсистира на укинување на американската блокада и санкциите, додека Вашингтон бара целосно слободна пловидба низ овој стратешки поморски пат. (МИА)
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
