klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пезешкијан информира дека разговорот со Моџтаба траел седум часа

Пезешкијан информира дека разговорот со Моџтаба траел седум часа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·10. 08. 2026. 15:39:17

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи разговарал седум часа за најважните прашања со кои се соочува Иран, оценувајќи го состанокот како „многу позитивен“. Пезешкијан рече дека за време на средбата детално биле разгледани прашањата поврзани со санкциите, отпорноста и внатрешното единство, истакнувајќи дека сите државни функционери непрекинато работат на изнаоѓање долгорочни решенија за постојните проблеми. Според него, врховниот лидер препорачал зачувување на единството и слогата меѓу различните политички сили, со оценка дека „фокусот на непријателот во моментов е насочен кон предизвикување поделби и раздор во земјата“. - И покрај блокадата што ја наметнува непријателот, ќе отвориме нови патишта за надминување на пречките – рече Пезешкијан, додавајќи дека владата продолжува да ги спроведува плановите за ублажување на притисокот врз граѓаните и проширување на економските и политичките можности за дејствување. Според иранската агенција МНА, Пезешкијан се сретнал со Хамнеи по повод почетокот на третата година од својот претседателски мандат. Состанокот се одржа неколку дена откако Пезешкијан негираше постоење на каков било конфликт меѓу неговата влада, врховниот лидер и вооружените сили. Тој наведе дека „воопшто немало“ несогласувања меѓу вооружените сили и владата во врска со војната и преговорите и дека пристапот на владата е…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti