Петрушевски: СДС се плаши од функционален систем затоа се талогот на дното, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираат

Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите, објави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил. [facebook_post url="https://www.facebook.com/branebelich/posts/pfbid02HwPoVHXGEGWwdUJSAHZKBVxocQXVFHNnhyzPuM6U7G4WundvWvnSGxnHhFP86khCl"] „Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите. Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и примена на современа технологија, државата може да функционира. Кога законите важат еднакво за сите, резултатите не изостануваат. Затоа врхушката на СДС се спротивставува на сѐ што е успех. Нив ги плашат функционални институции. Тие впрочем ги градеа институциите за да можат ним да им бидат потчинети. Нив ги плаши Македонија и граѓаните да успеат. Затоа се талог и се наоѓаат на дното. На талогот во општеството не му одговараат победи, чесност, работа и систем на право и правда. Во таков систем никогаш нема да се вратат на власт, туку ќе завршат зад решетки. Затоа наместо политика и идеи, продаваат цинизам, песимизам, и недоверба кон иднината, бидејќи сакаат да го убијат духот на народот, на овој народ кој бил непокорен и кој се борел за слобода и своја држава. Нема да успеат! Македонија оди напред. Ќе победи работата…


