Петрушевски: СДС, ДУИ и Таравари го штитат својот партиски другар, градоначалникот на Гостивар и покажуваат дека за граѓаните ич не им е гајле

Скандалот со водата во Гостивар беше само причина Венко Филипче и актуелното раководство на СДС да се јавуваат во јавност и да лажат. СДС и Филипче мислат само како да стигнат до политички поен плус. Но, треба да им е јасно дека тоа не се прави со лаги и немање свест за своите грешки, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Сега во контекст на гостиварскиот скандал, повторно кажуваат само лаги како онаа последната дека во велешкото село Сливник водата е неисправна. И замислете, презентираат стар извештај. Добронамерно ги советуваме, да се освестат и да прекинат да шират лаги и паника и да се погледнат себе си. Зошто? Затоа што тие се локална власт во Гостивар. Власт се СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, посочи тој. Петрушевски порача дека ако им се важни граѓаните, како што знаат да повторуваат секојдевно нека го повикаат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој е нивни кадар, да одговара, да поднесе оставка и слично. -А тие што прават, молчат, што значи го штитат за труењето на населението во Гостивар и покажуваат дека поважен им е партискиот другар откоку граѓаните. Сепак, на централно ниво има одговорна власт која реагира навремено и соодветно за да ги заштити…


