klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·26. 06. 2026. 10:46:26

„Со дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, односно со објавувањето на документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство, македонската јавност очекуваше јасна осуда и извинување од официјална Софија. Наместо тоа, добивме извртување на темата и бегање од одговорност. Од друга страна пак, од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција. Почитувани граѓани, молкот на Филипче е негов политички избор. Исто како што никогаш не реагира кога од Бугарија се негираат македонскиот јазик, идентитетот, историјата и културата, така и сега избра да премолчи дипломатски скандал без преседан. Со таквиот однос Филипче испраќа порака дека за него е поважно да не ги наруши односите со своите политички истомисленици во Бугарија, отколку да застане во одбрана на македонските државни интереси.“ интегрално пренесено говорот на Петрушевски. https://www.youtube.com/watch?v=_6bHTs1JLOw&authuser=1

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti