klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Петрушевски: Двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари повторно испливаа на површина

Петрушевски: Двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари повторно испливаа на површина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·28. 07. 2026. 09:38:37

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ги обвини СДС, ДУИ и Арбен Таравари за, како што рече, примена на двојни стандарди кога станува збор за политичката одговорност во случајот со загадената вода во Гостивар. Петрушевски потсети на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дадена за време на повторените локални избори во Гостивар. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, цитираше Петрушевски, додавајќи дека, според него, СДС е дел од локалната власт во Гостивар заедно со ДУИ и Таравари. Тој оцени дека опозициските партии не бараат одговорност од својот кандидат Валбон Лимани, иако, како што рече, редовно бараат оставки од политичките противници. „СДС, ДУИ и Таравари уште еднаш покажаа дека за нив одговорноста важи само кога станува збор за политички противници. Додека секојдневно бараат оставки и политичка одговорност од сите други, сѐ уште молчат и не бараат одговорност од својот кандидат Валбон Лимани“, изјави Петрушевски. Осврнувајќи се на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, тој рече дека локалната власт не успеала навремено да го реши проблемот, поради што, според него, интервенирале владините институции. „Локалното раководство кое раководи со општина Гостивар, а е предводено од СДС, ДУИ и Таравари, не успеа да го…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti