Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат актуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка. И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Колку за илустрација, деновиве излегоа и со информација дека и водата во Валандово не била безбедна за пиење. Но, вонредните анализи покажаа нешто сосема спротивно од тврдењето на СДС. И не само тоа се виде и колку СДС кога биле власт во Валандово не работеле, односно дека во тој период не се правеле ниту редовните анализи на квалитетот на водата кои се прават два пати годишно. Им порачуваме на СДС да бидат мирни, бидејќи во моментов надлежните си ги реализираат соодветно активностите, а за тоа говорат и фактите, рече тој. Бројката на граѓани во Гостивар, кои бараат лекарска помош во здравствените установи се намалува, а деновиве граѓаните ќе имаат и технички исправна вода или вода која може да се користи за миење, санитарни потреби и одржување на домаќинствата. Кон крајот на…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Pločanski ekonomisti proslavili 15 godina mature: Premda još mladi i puni životne energije, sastaju se, druže i obilježavaju važne godišnjice
