klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Петрушевски до Левица: Пред да делите лекции за тоа кој што направил, погледнете ја биографијата на вашиот лидер

Петрушевски до Левица: Пред да делите лекции за тоа кој што направил, погледнете ја биографијата на вашиот лидер
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·10. 08. 2026. 06:15:29

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагира на критиките од Левица по изјавата на Драган Ковачки, кој употреби метафората „талог“ во политичка расправа со опозицијата. Петрушевски во објава на „Фејсбук“ оценува дека реакцијата на Левица покажува оти метафората повеќе ги погодила нив, отколку луѓето од раководството на СДС на кои, како што наведува, се однесувала изјавата. „Очигледно во Левица ги заболела метафората ‘талог’, употребена од Драган Ковачки, повеќе отколку луѓето од врхушката на СДС на кои се однесуваше, па веднаш се впуштија во нивна одбрана“, пишува Петрушевски. Тој се осврнува и на критиките на Левица за тоа кој што работел пред да влезе во политиката, повикувајќи ја партијата, како што вели, да ја примени истата логика и на својот лидер Димитар Апасиев. Според Петрушевски, пред да стане пратеник, Апасиев работел како професор на државен универзитет и стручен соработник во Специјалното јавно обвинителство. „Или можеби Левица има некоја скриена биографија во која Апасиев, пред да стане пратеник, мешал малтер, нижел тутун, работел на шалтер или истоварувал камиони, па ја немаат објавено?“, прашува Петрушевски. Пратеникот додава дека, според него, Левица не може да се поставува како „морален арбитер“ за тоа кој е „талог“, додека истовремено, како што наведува, политичкиот врв на партијата кариерата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti