Петнаесет повредени во невремето во Скопје примени во две клиники, огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“

Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што попладнето го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски за МИА изјави дека од деветте повредени, две се со потешки повреди - една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака. Шесте повредени кои се примени на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”, како што изјави за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, д-р Небојша Настов, имаат посекотини и набиеници и се третираат амбулантски. Посочи дека тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. - Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување. Еден пациент е повреден при пад на дрво и го закачиле гранките, еден е повреден од лим кој паднал од некој покрив, а еден е повредени од паднати керамиди, додаде д-р Настов за МИА. Директорот на Градската општа болница „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски за МИА изјави дека кај…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
