klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Пет планинари од БиХ загинаа на Елбрус, телата сè уште се заробени на планината (ВИДЕО)

Пет планинари од БиХ загинаа на Елбрус, телата сè уште се заробени на планината (ВИДЕО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·26. 07. 2026. 14:43:55

Пет планинари од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија, јавува рускиот портал Lenta.ru, повикувајќи се на информации од Телеграм-каналот Shot. Од седумчлената експедиција, само двајца успеале да преживеат. Еден од планинарите сам успеал да се спушти од планината и да повика помош, додека вториот бил пронајден од спасувачките екипи. Двајцата се хоспитализирани и се под лекарски надзор. Информацијата дека група планинари останала заробена на Елбрус се појави на 25 јули. Според локалните водичи, временските услови на почетокот биле поволни за искачување, но ситуацијата нагло се променила. Брзината на ветерот достигнала 45 километри на час, а до утрото се засилила на околу 70 километри на час, што значително ја отежнало спасувачката акција. Истражниот комитет на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија потврди дека е отворена истрага за несреќата. Според официјалното соопштение, на 25 јули седумчлената група тргнала кон врвот на Елбрус. Еден од планинарите успеал да се спушти и пријавил дека двајца членови на експедицијата се почувствувале лошо на височина од околу 5.100 метри. Во првичните информации беше наведено дека двајцата најверојатно починале, а спасувачките екипи трагаа по останатите четворица. Подоцнежните информации ја потврдија трагедијата – загинале вкупно петмина, додека спасен бил само уште еден член на групата. View this…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti