Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

На територија на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор до 12 часот денеска. Од нив, пет се сѐ уште активни, а другите два биле изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи. Од активните, првиот е на територија на општина Шуто Оризари - кај „Џиди комерц“, каде гори ѓубре и сува трева. Вториот е во подрачје на општина Старо Нагоричане - село Ругинце, каде се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува трева. Шума гори во село Сретеново, општина Дојран. Останатите два се на велешка територија - покрај автопатот Велес - Штип кај Чолошево опожарени се ниска вегетација и сува трева, а на градската депонија гори ѓубре. Од изгаснатите пожари денеска, едниот бил во општина Долнени - село Житоше, во близина на училиштето, гореле ниска вегетација и сува трева. Другиот пожар бил во регионот на битолското село Кукуречани, горело ѓубре.
Povezane vijesti
