klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Песков: Нема конкретни предлози за евентуално воздушно примирје со Украина

Песков: Нема конкретни предлози за евентуално воздушно примирје со Украина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·27. 07. 2026. 11:19:36

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија нема конкретни информации за евентуално „воздушно примирје“ со Украина. - Таквите информации се појавија пред неколку дена, но засега тоа не е ништо повеќе од медиумски шпекулации. Нема ништо конкретно во тоа, ниту за какви било нови формули или предлози за решавање на конфликтот, наведе Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали Москва преку дипломатски канали добила информации за иницијативата за која би разговарал украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на САД. Тој истакна и дека руската морнарица ќе преземе мерки за заштита на трговските бродови, но дека вооружувањето или дополнителното нивно одбранбено опремување не е можно. Според него, меѓународното поморско право јасно предвидува дека трговските бродови не можат да бидат вооружени. - Трговските бродови, во согласност со меѓународното поморско право, не можат да бидат вооружени, бидејќи се комерцијални бродови. Дополнителна опрема за овие бродови исто така не е можна, па затоа ова во принцип е исклучено, наведе Песков. Тој одби да коментира за изјавата на Зеленски дека Русија наводно размислува за вклучување на севернокорејски војници во војната во Украина. Мислам дека е непотребно да ги коментирам таквите изјави. Не е на Зеленски да зборува за нашите планови, истакна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti