klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Пентагон воведува тестирање за тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи

Пентагон воведува тестирање за тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 07. 2026. 09:03:38

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, соопшти дека припадниците на вооружените сили на САД на возраст од 30 години и постари ќе бидат опфатени со задолжително тестирање за недостиг на тестостерон во рамките на редовните годишни здравствени прегледи. Во видеото објавено на социјалната мрежа „Икс“ под наслов „High-T Department“, Хегсет изјави дека ја одобрил програмата за скрининг со цел војниците да имаат „соодветно ниво на тестостерон за да функционираат на највисоко можно ниво“. Припадниците кај кои ќе биде утврдено ниско ниво на тестостерон ќе можат доброволно да примаат хормонска заменска терапија. За војниците помлади од 30 години тестирањето ќе биде доброволно. Хегсет не прецизираше дали програмата ќе ги опфати и жените, кај кои нивото на тестостерон исто така природно се намалува со возраста. – На нашите војници им ја должиме најдобрата здравствена грижа во светот и оваа програма е дел од таа обврска, рече Хегсет. Тој додаде дека грижата за долгорочното здравје подразбира припадниците на вооружените сили да останат силни, отпорни и подготвени не само за следната мисија, туку и по завршувањето на воената кариера. Во американската армија строго е забранета употребата на тестостерон за немедицински цели, како што е вештачкото зголемување на мускулната маса без лекарски рецепт. Хегсет нагласи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti