klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште поинтензивна работа за заштита на Охридскиот Регион

Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште поинтензивна работа за заштита на Охридскиот Регион
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 07. 2026. 16:45:52

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ја поздрави одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион не беше впишан на Листата на светско наследство во опасност и доби дополнителен рок до 1 февруари 2031 година за исполнување на препораките. Пецаков оцени дека ваквата одлука е резултат на заедничките напори на локалната и централната власт, институциите и сите вклучени чинители, нагласувајќи дека таа претставува значајна можност, но и голема одговорност. Тој истакна дека Општина Охрид и во наредниот период ќе продолжи уште поинтензивно со спроведување на мерките за заштита на природното и културното наследство. Како приоритети ги посочи реализацијата на капитални еколошки проекти, одговорното урбанистичко планирање, унапредувањето на системите за заштита на животната средина и доследното исполнување на препораките на УНЕСКО. Според Пецаков, зачувувањето на Охридскиот Регион е заедничка обврска на локалната и централната власт, институциите и граѓаните. Тој изрази уверување дека преку добра координација, континуирана посветеност и соработка со Република Албанија ќе бидат реализирани потребните активности за трајна заштита на Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti