Sport Sjeverna Makedonija
Патрик Виера станува селектор

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·25. 07. 2026. 12:51:51
Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Патрик Виера е на чекор од преземање на селекторската функција во националниот тим на Сенегал. Според последните информации, разговорите меѓу Виера и Фудбалскиот сојуз на Сенегал се одвиваат во позитивна насока. Сенегал неодамна одлучи да ја прекине соработката со Тиао по неуспешниот настап на Светското првенство. Иако репрезентацијата на турнирот отпатува со големи очекувања, претрпе порази во првите две средби од групната фаза против Франција и Норвешка.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

