Папата Лав Четиринаесетти им се обрати на верниците за прв пат по операцијата на белите дробови

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска им се обрати на верниците собрани на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, за прв пат јавно по операцијата на рак на белите дробови, која, според извештајот, му е извршена пред пет дена. Папата им се обрати на верниците од прозорецот на Апостолската палата со насмевка, зборувајќи со јасен глас. Тој се приближи сам кон прозорецот на палатата, без помош, и го одржа своето редовно неделно пладневно обраќање до верниците. За време на обраќањето, тој ги повика верниците да ги остават настрана себичните амбиции и да му служат на Бога „без компромис“. Според извештајот, на папата му е дијагностициран аденокарцином на белите дробови, за што долниот лобус на десниот белодроб му е хируршки отстранет. Здравствените проблеми на папата Лав XIV претходно не беа познати. Поглаварот на Римокатоличката црква е познат по својата физичка активност, а меѓу неговите редовни активности се тенис и пливање во папската летна резиденција во Кастел Гандолфо. (MIA)


