Панова: Политичката незрелост на опозицијата го блокира носењето на Изборниот законик

„И покрај нашиот обид и четири месеци преговори, договори, состаноци на коишто аргументирано се дебатираше во врска со Изборниот законик, на крајот причините за недонесување на Изборниот законик се очигледната неспремност од страна на опозицијата да прифатат дека ќе направиме уште еден голем успех со носење на овој Изборен законик, со тоа што, така, ќе исполневме 10 од 10 од условите за Реформската агенда и ќе добиевме многу повеќе пари, што беше само една од нашите цели, изјави Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, во интервју за Слободен печат. Пратеничката Панова потенцираше дека опозицијата покажа одредена политичка незрелост со тоа што не прифатија забелешките на ОБСЕ и ОДИХР да бидат имплементирани во Изборниот законик, како и фактот дека ИЗ е еден од законите кои мораат да бидат донесени со консензус бидејќи истиот е подложен на филибастеринг во Собрание и во секој момент, како што вели Панова, може која било политичка партија да го блокира неговото донесување, како што и впрочем се случи преку поднесувањето на 13.000 опозициски амандмани. Панова, меѓу другото, се осврна и на точките за кои дискутираа политичките партии, а кои се однесуваа на потенцијалните измени на ИЗ, при тоа истакнувајќи го и…

