Паниката и воајеризмот што СДС ги демонстрираше минатата година за време на пожарите, денес се префрлаат на темата со водоснабдувањето

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС и лидерот на партијата Венко Филипче дека, како што наведуваат, ја злоупотребуваат состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за ширење паника и собирање политички поени. Во партиското соопштение се тврди дека СДС продолжува со, како што велат, политиката на дезинформации и конструкции, наместо да понуди конкретни решенија за надминување на состојбата. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС и Филипче не покажуваат одговорност, туку ја користат актуелната ситуација за политички маркетинг, наместо да придонесат за смирување на јавноста и да ја поддржат работата на институциите. Партијата наведува дека Владата навремено реагирала и дека очекува проблемот во Гостивар да биде решен во краток рок, притоа обвинувајќи ја локалната власт во Гостивар, која, според нив, е предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Арбен Таравари, дека нема капацитет да се справи со состојбата. Во соопштението се апелира сите политички субјекти да покажат одговорност кога станува збор за прашања што директно влијаат врз граѓаните, нагласувајќи дека јавноста треба да биде информирана со факти, а институциите да бидат оставени професионално да ја извршуваат својата работа. ВМРО-ДПМНЕ на крајот порачува дека, за разлика од, како што наведуваат, „кадрите на Филипче, Ахмети и Таравари“, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено презема мерки за решавање на проблемот со…
Povezane vijesti
