Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик

СДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори. Тоа прво го прифатија, а сега токму поради тоа го блокираат Законот. Очигледно е дека на СДС и Левица им пречат реформите, напредокот и секој успех на Македонија“, соопшти владејачката партија. СДС и Левица треба да знаат дека овој Изборен законик не е партиски документ. Тој е дел од Реформската агенда, усогласуван со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и е важен чекор кон исполнување на обврските што државата ги има преземено, нотираат во соопштението. -Затоа е неразбирливо зошто СДС и Левица денес го блокираат токму она што вчера го договараа. Единствениот логичен одговор е дека политичката пресметка им стана поважна од интересите на државата. Ги повикуваме да престанат со политичките игри, да ги повлечат амандманите кои служат само за опструкција и заеднички да го донесеме Изборниот законик во…
Povezane vijesti
NIKARAGVA PREKINULA DIPLOMATSKE ODNOSE SA ITALIJOM Sukob zbog čoveka osuđenog za ubistvo Alda Mora

Положани: Мора да бидеме подобри во нападот, ни следуваат потешки европски натпревари
