Crna kronika Sjeverna Makedonija
Палел сува трева на нива, па избувнал пожар: Сопственикот заврши во болница со изгореници, автомобилот пеплосан

Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 10. 2026. 10:25:16
На 20.10.2026 во 15:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с.Палатица-с.Озормиште, во нива покрај патот, било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(74) од с.Палатица. -Од пожарот целосно е изгорено патничкото возило, како и површина со сува трева, а М.С. при обид да го изгаси огнот се здобил со изгореници и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, информираат од СВР Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека М.С. ја чистел нивата со палење на сува трева, по што огнот се проширил и го зафатил возилото.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


