klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Паѓаат цените на половните автомобили во Германија

Паѓаат цените на половните автомобили во Германија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 07. 2026. 20:39:19

Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат да паѓаат, покажуваат најновите податоци на платформата AutoScout24. Во јуни просечната цена изнесувала 27.229 евра, што е за околу 530 евра помалку во споредба со почетокот на годината. Најголем пад има кај малите градски автомобили и моделите од средната класа, додека понудата на возила стари меѓу 10 и 20 години е зголемена за 6,6 проценти, што им овозможува на купувачите поголем избор и подобра позиција при преговарањето за цената. Имено, за разлика од бензинските и дизел возилата, половните електрични автомобили поскапеле. Нивната просечна цена достигнала 37.810 евра, иако побарувачката е намалена. Аналитичарите објаснуваат дека поевтините електрични модели брзо се продаваат, па во понудата остануваат поскапите возила со поголеми батерии и побогата опрема. Експертите советуваат купувачите да го искористат периодот кога понудата е најголема, наместо да чекаат дополнително намалување на цените.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti