Crna kronika Sjeverna Makedonija
Паднато дрво тешко повреди скопјанка (86): Додека ѝ ја барале чантата, пронашле експлозивна направа

Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 07. 2026. 12:33:17
На 20.07.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. -Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка, информира МВР. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

