Паднаа и првите пресуди за членови на БЕЛАНОЦА: 20 години највисоката казна, втор 11, трет доби 4 години затвор

Тројца членови на криминалната група Беланоца денеска се осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, јави Телма. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Третиот обвинет е осуден на 4 години за кривичното дело изнуда. Сè уште во тек е судењето за лидерот на Беланоца, Фатљум Ајети Тоти, како и други членови на неговата банда кои се гонат за најмалку 8 убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани, палење објекти и автомобили. Се смета дека Тоти е наводениот лидер на Беланоца. Орхан Бајрами беше ликвидиран во јули 2023 година во Ханиоти, Грција, додека бил на одмор. Според истрагата, напаѓачите пристигнале со возило, се доближиле до апартманот во кој престојувал и испукале повеќе куршуми низ прозорецот. Ден пред убиството, на профил на „ТикТок“, кој подоцна бил избришан, била објавена порака дека Бајрами е следната жртва, а по ликвидацијата било објавено и дека „работата е завршена“. Истиот профил претходно најавувал и други ликвидации. Во мај 2024 година, во вооружен напад на улицата „Пластичарска“ во Скопје беше застрелан Амар…


