klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Падна политички монтираниот случај против ВМРО-ДПМНЕ

Падна политички монтираниот случај против ВМРО-ДПМНЕ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·14. 07. 2026. 11:51:55

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослободителна пресуда за обвинетиот Н.Г. во предметот познат во јавноста како „Талир“, оценувајќи дека обвинителството не успеало надвор од разумно сомнение да докаже дека е сторено кривичното дело за кое се водеше постапката по измените на Кривичниот законик. Во обемното образложение на пресудата, Судот наведува дека по измените на Кривичниот законик од 2023 година суштински се промениле елементите на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а обвинителството го изменило обвинението без да понуди нови докази кои би ги поткрепиле новите законски елементи. Судот истакнува дека доказите останале исти како и во претходната постапка, но дека тие не можат да го потврдат изменетото обвинение, особено во делот на наводното пречекорување на службените овластувања, неизвршувањето на службената должност и постоењето намера како задолжителен елемент на делото. Во соопштението Судот нагласува дека ослободителната пресуда е „исклучиво резултат на донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во 2023 година“, додавајќи дека токму овие законски измени довеле до укинување на претходната првостепена пресуда, што било констатирано и од Апелациониот суд. Судот потенцира дека останал конзистентен во анализата на доказите и утврдените факти, но дека поради изменетото законско битие на делото, со истите докази не…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti