Отворена изложбата „Живи артефакти – Трансцеденција“ на Филип Јовески во КИЦ Тирана

Во Македонскиот културно информативен центар во Тирана, вчера вечер (06.07.2026) се отвори изложбата „Живи артефакти – Трансцеденција“ на Филип Јовески. Изложбата привлече големо внимание и донесе бројни посетители, поради уникатниот спој на традиционалната уметност и современите технологии. Постетителите имаа можност интерактивно да ја следат изложбата, бидејќи дел од уметничките дела оживуваа преку мобилна апликација. Изложбата на Филип Јовески донесе една нова димензија на комуникација со уметноста, што навистина ги воодушеви присутните. „Во конципирањето на овој циклус, авторот останува доследен на постулатите воспоставени во претходните етапи, при што како примарен обединувачки елемент на трилогијата се издвојува фузијата на традиционалниот сликарски израз со дигиталната сфера преку аугментираната реалност. Покрај оваа интермедијална верига, Јовески ѝ останува верен на својата определба: есенцијалната инспирација и ликовниот мотив да ги црпи од македонското народно творештво. Земајќи ги како почетна точка препознатливите обрасци и колоритот на ткаенините и везовите, тој им вдахнува нова, специфична ликовност, врежувајќи го во нив својот автентичен авторски печат. Идејните премиси што Јовески ги заговара уште во претходните остварувања, во „Трансценденција“ добиваат уште посилна и појасна артикулација. Со изборот на геометриската апстракција како стожерна тематика, а цртежот како примарно ликовно средство, првичниот впечаток пред овие дела е нагласениот рационализам во нивната структурална изградба…
Povezane vijesti

Зеленски: Украинците имаат право да протестираат дури и за време на војна

Џеј Ди Венс: Дел од израелската влада се обидувала да влијае врз американското јавно мислење за договорот со Иран
