klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Отворен повик за Наградата за младинско учество 2026

Отворен повик за Наградата за младинско учество 2026
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 06. 2026. 09:33:44

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го објави повикот за номинации за Наградата за младинско учество 2026 – традиционално признание за младите кои со својот ангажман придонесуваат за позитивни општествени промени. Наградата има за цел да ги препознае поединците и организациите кои активно работат на развој на заедниците, зајакнување на социјалната кохезија и поттикнување на младинскиот активизам. Оваа година признанијата ќе се доделуваат во три категории: индивидуална категорија „Млади, мир и безбедност“ за лица на возраст од 15 до 29 години, категорија за неформални групи на млади со најмалку три члена, како и категорија за младински организации, организации за млади и чадор организации. Посебен фокус на овогодинешното издание е ставен на темата „Млади, мир и безбедност“, со акцент на промовирање дијалог, ненасилство, доверба и градење инклузивни и отпорни заедници. Покрај признанието, добитниците ќе добијат и финансиска поддршка за унапредување на нивните активности. За индивидуалната категорија се предвидени 1.500 евра, додека за неформалните групи и младинските организации по 3.000 евра. Крајниот рок за поднесување номинации е 7 јули 2026 година до 23:59 часот. Наградите традиционално ќе бидат доделени на 12 август – Меѓународниот ден на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti