Откако ја дизајнираше венчаницата на Тејлор Свифт, Џонатан Андерсон од Диор ја започна Неделата на висока мода

Џонатан Андерсон ја претстави новата колекција од високата мода на „Диор“ во Париз - само три дена откако Тејлор Свифт и Тревис Келс ги носеа неговите креации на нивната свадба во Њујорк. Ревијата се одржа во градините на Музејот „Роден“ - со температури од над 30 степени, па гостите ги користеа малите вентилатори што „Диор“ ги испрати со поканите. На отворањето на Неделата на високата мода во француската престолнина, 41-годишниот северноирски дизајнер кој ги презеде сите модни линии на „Диор“ пред една година, се обиде да го префрли фокусот од венчаницата што ја направи за Свифт на својата нова ревија инспирирана од американската уметница Линда Бенглис. За „Диор“ и Андерсон, сепак, американската свеченост беше голем успех, велат познавачите. Со месеци се шпекулираше дека пејачката може да избере американско модно име, како Ралф Лорен, чии креации често ги носи. И, наместо да го покаже најозборуваниот фустан деновиве, Андерсон се насочи кон уметнички концепт на колекцијата. View this post on Instagram A post shared by ELLE Magazine (@elleusa) Бенглис е позната од крајот на 1960-тите по нејзината работа со латекс и метал, а ателјеата на „Диор“ беа третирани како верзија на нејзиното студио, каде што рамната ткаенина се пресува, врзува и превиткува…

