Осветување на новоизградениот храм „Свети Никола“ во струшко Нерези

Во струшкото селото Нерези во сабота ќе биде осветен новоизградениот православен храм „Свети Никола“. Црковниот одбор информира дека свеченоста ќе почне во 7 часот и 30 минути со утрена богослужба, по што е предвиден пречек на неговото високо преосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Во 8 часот и 45 минути ќе следува чинот на осветување на новоизградениот храм и ќе биде отслужена света архиерејска литургија. По завршувањето на богослужбата и осветувањето, организаторите најавија културно-уметничка програма со настап на познати македонски естрадни уметници, како и свечен ручек за присутните. - Ги покануваме сите верници и добронамерници да присуствуваат на овој значаен духовен настан за заеднички да се одбележи осветувањето на новиот храм „Свети Никола“ во Нерези, соопшти Црковниот одбор


