klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Осумдесетина луѓе загинаа при напад со дрон во Судан

Осумдесетина луѓе загинаа при напад со дрон во Судан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·19. 10. 2026. 21:00:17

Околу 80 лица загинаа, а 47 се повредени во напад со беспилотно летало врз автобуска станица во Ал-Дибаб, во јужниот дел на Судан. Тоа е еден од најсмртоносните напади од почетокот на конфликтот во Судан, што почна во април 2023 година и се води меѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), кои ја контролираат целата територија на сојузната држава Западен Кордофан, каде што се наоѓа Ал-Дибаб. Коалицијата Тацис, политичкото крило на РСФ ја обвини армијата дека стои зад нападот. Иако нема точни бројки за вкупниот број на жртви од конфликтот, хуманитарните работници веруваат дека повеќе од 200.000 луѓе загинале од почетокот на војната. Конфликтот, исто така, принуди над 12 милиони Суданци да ги напуштат своите домови. Според ОН, ова е најлошата хуманитарна криза во светот во моментов. миа

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti