klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Осум лица тешко повредени во сообраќајка кај Битола

Осум лица тешко повредени во сообраќајка кај Битола
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·05. 08. 2026. 09:42:30

Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила. Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во битолската Клиничка болница, стручен тим на СВР Битола ги истражува причините за сообраќајната несреќа, а наскоро ќе биде соопштен идентитетот на учесниците во сообраќајката на влезот во Битола. Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид е во прекин. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti