klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·22. 07. 2026. 09:30:21

Долгогодишниот претседател на Никарагва, Даниел Ортега, најави дека во таа централноамериканска земја повеќе нема да се одржуваат избори, со што се анулира можноста за изборни промени во земјата по истекот на неговиот мандат следната година. „Повеќе нема да има избори, на кои тие би се обиделе да ја преземат владата и власта“, рече Ортега во обраќањето по повод годишнината од сандинистичката револуција од 1979 година, во која учествуваше во соборувањето на диктатурата на Анастасио Сомоса, поддржана од САД. Осумдесетгодишниот лидер, кој владее со Никарагва непрекинато од 2007 година по претходниот мандат во 1980-тите, не појасни на кој начин ќе биде спроведена забраната за избори. „Заврши времето кога партиите поддржани од Јенките и сомозистите се враќаа на власт - тоа никогаш повеќе нема да се случи“, порача Ортега. Американското Министерство за надворешни работи не даде веднаш коментар на таквите изјави. Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп претходно ја опиша власта на Ортега како диктатура и воведе санкции против повеќе од 2.350 никарагвански функционери и членови на нивните семејства. Последните избори во Никарагва одржани во 2021 година беа предмет на бројни оспорувања. Тогаш Ортега ги затвори политичките противници и деловните лидери, а властите го криминализираа секој облик на несогласување со власта…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti