klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Орбан повика на „отпор“ против новата унгарска власт предводена од Петер Маѓар

Орбан повика на „отпор“ против новата унгарска власт предводена од Петер Маѓар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 07. 2026. 12:54:19

Поранешниот унгарски премиер, Виктор Орбан, денеска го повика членството и симпатизерите на неговата партија „Фидес“ на „отпор“ против, како што рече, „самоволното владеење“ на неговиот наследник, Петер Маѓар. Во своето прво поголемо јавно појавување по изборниот пораз во април, Орбан пред своите поддржувачи во романското бањско лекувалиште Баиле Тушнад изјави дека „Фидес сега мора да дејствува на сосема поинаков начин и да служи на националниот отпор“. Во првите недели од владеењето, Маѓар и неговата центристичка партија „Почит и слобода“ (ТИСА) усвоија уставни амандмани и закони со кои значително се намалуваат шансите на партијата на Орбан да се врати на власт. Според новите правила, никој во иднина нема да може да ја извршува функцијата премиер повеќе од два мандата, а никој нема да може да биде пратеник во Парламентот повеќе од три мандати. Во рамки на првичните истраги на државното обвинителство, минатиот вторник биле запленети сервери на партијата „Фидес“ поради сомневања за незаконско финансирање на изборната кампања. „Новата влада сака да ја елиминира целата опозиција“, изјави Орбан во Баиле Тушнад. Во исто време, тој додаде дека новата власт нема капацитет за управување и оцени дека веќе оваа есен нема да успее да ја надмине кризата која, според него, ќе биде предизвикана…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti