„Опта“ пресмета кој ќе стане светски шампион: Шпанија е фаворит против Аргентина

Шпанија и Аргентина, двете највисоко рангирани репрезентации во светот, ќе се соочат во големото финале на Светското првенство 2026. Ќе успее ли Аргентина да стане само третата репрезентација во историјата што ја одбранила светската титула или Шпанија ќе го освои трофејот по вторпат? Според 25.000 симулации на суперкомпјутерот на „Опта“, шпанската репрезентација е фаворит за светската круна. Шпанија го освои Мундијалот во 59,5 проценти од симулациите, додека Аргентина ја одбрани титулата во преостанатите 40,5 проценти. Финале меѓу првите две репрезентации на светот Ова ќе биде првпат првопласираната и второпласираната репрезентација на ранг-листата на ФИФА да се сретнат на Светско првенство. Аргентина во финалето влегува како актуелен светски и јужноамерикански шампион, додека Шпанија е европски првак. Воедно, ова е првото мундијалско финале во кое ќе се соочат актуелните шампиони на Копа Америка и на Европското првенство. Аргентина ќе го одигра седмото светско финале. Повеќе има само Германија со осум. „Гаучосите“ трипати биле шампиони – во 1978, 1986 и 2022 година, а трипати завршиле како вицешампиони. За Шпанија ова ќе биде само второ мундијалско финале, откако во 2010 година ја освои својата единствена светска титула. Аргентина брка подвиг на Италија и Бразил По триумфот во 2022 година, Аргентина има можност да стане…


