Svijet Sjeverna Makedonija
Општина Кавадарци ги поканува граѓаните на ноќно капење на Градскиот базен до 23 часот

Kurir.mk·Љупчо Цветановски·02. 08. 2026. 17:35:57
Летната сезона продолжува со полна динамика, а Градскиот базен во Кавадарци останува омилено место за освежување и рекреација на граѓаните во текот на целиот ден, но и во вечерните часови. Од Општина Кавадарци потсетуваат дека базенот работи до 23:00 часот, овозможувајќи им на посетителите да уживаат и во ноќното капење, кое е сè попопуларен избор во топлите летни денови Покрај дневното освежување, вечерните часови нудат пријатна атмосфера за рекреација, релаксација и дружење, а Градскиот базен продолжува да биде едно од најпосетуваните места во градот за време на летната сезона. Од општината ги повикуваат сите граѓани да ги искористат летните вечери и да уживаат во содржините што ги нуди Градскиот базен.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

