klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Општина Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

Општина Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 08. 2026. 13:14:23

Општина Карпош ја следи состојбата со вирусот на Западнонилската треска со особено внимание и во континуитет презема превентивни и заштитни мерки за намалување на ризиците и заштита на здравјето на граѓаните. Во услови на зголемена внимателност поради присуството на вирусот и регистрирани случаи, Општина Карпош активно учествува во координацијата со надлежните институции и ги следи препораките за постапување. На 19 август, во Град Скопје се одржа координативен состанок со градоначалниците на скопските општини, на кој беа разгледани надлежностите и обврските на општините и Градот Скопје, како и дополнителните превентивни и заштитни мерки. Општина Карпош учествуваше и на состанок со Министерството за здравство, на кој беа разгледани актуелната состојба со заразените лица, присуството на вирусот кај мртви птици, потенцијалните жаришта во Скопје и потребните мерки за заштита на населението. ЗАСИЛЕНИ МЕРКИ ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ Како дел од превентивните активности, денеска е извршено дополнително авионско прскање против ларви на комарци, додека во недела во вечерните часови ќе се спроведе дополнително теренско прскање против возрасни комарци. Акциите за дезинсекција се спроведуваат на однапред мапирани и идентификувани критични локации, каде што постојат услови за задржување вода и размножување на комарци, со цел навремено да се намали ризикот од нивно ширење и потенцијален пренос на вирусот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti