klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Општина Илинден започна со реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“

Општина Илинден започна со реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 07. 2026. 14:31:04

Општина Илинден започна со реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, како дел од континуираните активности за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за спорт и рекреација. Оваа реконструкција се врши по речиси дво децениско користење на салата, при што се предвидени повеќе градежни и технички зафати насочени кон подобрување на функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектот. Проектот опфаќа санација на таркетот со стругање и нанесување три слоја специјален заштитен лак отпорен на гребење и пролизгување, како и целосно ново бележење на теренот за повеќе спортски дисциплини. Во рамки на реконструкцијата ќе бидат извршени и молерисување на ѕидовите и таваните, бојадисување на трибините, замена на заштитната ограда и поставување нови седишта на трибинскиот простор. Предвидена е и замена на гумираниот под, целосна реконструкција на соблекувалните, како и бетонирање стопи и поставување метални елементи за монтажа на мобилни столбови за одбојка. Дополнително, како дел од претходно реализираните активности за модернизација на салата, извршена е замена на дотраените металхалогени рефлектори со современи ЛЕД светилки, со што значително е подобрена енергетската ефикасност и квалитетот на осветлувањето на просторот. На почетокот на градежните активности увид изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti