klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Општина Илинден започна со изградба на индустриската улица „Н10“ во н. Илинден

Општина Илинден започна со изградба на индустриската улица „Н10“ во н. Илинден
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 10. 2026. 16:28:48

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон унапредување на патната мрежа и создавање поволни услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, започна изградбата на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден. Проектот предвидува изградба на улицата во должина од над 300 метри и широчина на коловозот од 6 метри, како и изградба на тротоар од 1,5 метри, со што ќе се подобри пристапноста и сообраќајната поврзаност во овој дел од општината. Како што истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во почетните градежни активности, изградбата на улицата е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат во економската зона, бидејќи ќе овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, олеснет пристап до деловните објекти и подобри услови за секојдневно работење. Со реализацијата на овој инфраструктурен проект дополнително ќе се унапреди функционалноста на локалната економска зона „Ограѓе“, ќе се подобри логистичката поврзаност и ќе се создадат услови за понатамошен развој на постојните стопански капацитети. Општина Илинден останува посветена на континуирано инвестирање во модерна и функционална инфраструктура, како еден од клучните предуслови за одржлив локален економски развој.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti