klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Општина Илинден го одбележа 23. Октомври со положување цвеќе и шаховски турнир

Општина Илинден го одбележа 23. Октомври со положување цвеќе и шаховски турнир
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·22. 10. 2026. 11:25:46

Во пресрет на 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во н.м. Миладиновци се одржа свечено одбележување во чест на македонските револуционери и нивната борба за слобода и независност. Во знак на почит кон револуционерното минато, пред споменикот на Васил Стојанов-Аџаларски беше положено свежо цвеќе од делегација на Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, советници, претставници на општинските јавни претпријатија и училиштата, Сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден, невладини организации и бројни граѓани. Васил Стојанов-Аџаларски, роден во 1880 година во тогашното село Аџалари, денешно Миладиновци, бил истакнат македонски револуционер и војвода. Тој предводел чета составена од комити од поширокиот регион на денешната општина Илинден, а својот живот го загубил во 1909 година, оставајќи траен белег во револуционерната историја. Како дел од активностите посветени на празникот, во Домот на културата во Миладиновци се одржа и шаховски турнир во организација на Здружението на пензионери „Илинден“. На турнирот учествуваа 16 шахисти, кои се натпреваруваа согласно правилата на ФИДЕ за забрзан шах, со временско ограничување од 10 минути по играч. Покровителот на шаховскиот турнир, градоначалникот Александар Георгиевски, кој по завршувањето на натпреварувањето им врачи награди и плакети на најуспешните учесници, го истакна значењето на ваквите настани…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti