klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Општина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели

Општина Илинден додели 60 решенија за исплата на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·09. 07. 2026. 10:07:37

Општина Илинден продолжува со реализација на мерките за поддршка на граѓаните преку унапредување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. Во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, успешно беше реализиран Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес ги додели првите решенија, од вкупно 60 граѓани кои ги исполнија условите од јавниот повик, со што им е овозможена исплата на еднократна парична помош за набавка на овие енергетски ефикасни производи. Градоначалникот Георгиевски истакна дека целта на оваа мерка е да се поттикнат домаќинствата во Општина Илинден да користат современи и високоефикасни системи за затоплување и ладење. Со користењето на инвертер клима уреди и соларни панели се намалува потрошувачката на енергија, се остваруваат финансиски заштеди за домаќинствата и се придонесува кон почиста и поздрава животна средина. Со мерката се обезбедува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот инвертер клима уред или соларен панел, односно до максимален износ од 10.000 денари по производ. Општина Илинден и понатаму останува посветена на креирање и спроведување мерки што директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, истовремено поттикнувајќи енергетска ефикасност, одржлив развој и заштита на животната…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti