klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Општина Ѓорче Петров одбележа 105 години од смртта на Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров одбележа 105 години од смртта на Ѓорче Петров
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·29. 06. 2026. 09:49:34

Општина Ѓорче Петров денеска ја одбележа 105-годишнината од смртта на својот патрон, македонскиот револуционер, просветител и идеолог Ѓорче Петров. Пред неговото спомен-обележје во реонскиот парк, беше положено цвеќе и беше оддадена почит на еден од најзначајните дејци во македонската национална историја. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, како и бројни граѓани. Во своето обраќање, градоначалникот Стојкоски истакна дека и по 105 години од неговото трагично заминување, делото на Ѓорче Петров продолжува да живее во колективната меморија на македонскиот народ и да претставува трајна инспирација за сегашните и идните генерации. -Ѓорче Петров не е само име на нашата општина. Тој е вредност што сме должни да ја живееме секој ден. Тоа име не обврзува да бидеме достојни наследници на неговата визија, да инвестираме во образованието, младите, спортот и културата и да создаваме подобри услови за живот за сите наши сограѓани - рече Стојкоски. Тој порача дека вистинската почит кон делото на Ѓорче Петров не се изразува само преку одбележувањето на значајните датуми, туку и преку секојдневната работа, одговорноста кон заедницата и вложувањето во иднината. Одбележувањето на 105-годишнината од смртта на Ѓорче Петров претставува потсетник дека неговите идеали - слободата…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti