klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Општина Ѓорче Петров обезбедува 10.000 денари годишна поддршка за секој ученик со попреченост

Општина Ѓорче Петров обезбедува 10.000 денари годишна поддршка за секој ученик со попреченост
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·06. 07. 2026. 09:27:35

Општина Ѓорче Петров продолжува со конкретни мерки за унапредување на инклузијата и еднаквите можности, преку обезбедување еднократна годишна финансиска поддршка во износ од 10.000 денари за секој ученик со попреченост, согласно класификацијата МКФ и мислење на ЗМЗ, во текот на целото образование. Со оваа мерка, општината им излегува во пресрет на семејствата на учениците со попреченост, обезбедувајќи финансиска помош наменета за покривање на дел од трошоците поврзани со образованието, развојот и секојдневните активности на учениците. -Продолжуваме да градиме заедница во која ниту едно дете не е заборавено. Нашата цел е секој ученик да има еднакви можности за учење, развој и напредок. Инклузијата не смее да биде само збор - таа мора да биде конкретна грижа, мерка и поддршка. Токму затоа продолжуваме со политики што ги ставаат граѓаните на прво место и ја прават Општина Ѓорче Петров пример за општество со еднакви шанси за сите - истакна градоначалникот, Александар Стојкоски. Со оваа мерка, Општина Ѓорче Петров ја потврдува својата заложба за создавање инклузивна локална заедница во која секој ученик има можност да го оствари својот потенцијал, без оглед на предизвиците со кои се соочува.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti