klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенции за набавка на печки на пелети

Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенции за набавка на печки на пелети
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 07. 2026. 12:44:10

Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на печки на пелети, како дел од мерките за подобрување на квалитетот на животната средина и поддршка на домаќинствата. Со оваа програма, како што информираат од општината, се поттикнува користењето поеколошки и поефикасни системи за затоплување, со цел намалување на загадувањето на воздухот и создавање почиста и поздрава средина за жителите. Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објавата посочува дека користењето на печки на пелети придонесува и за поефикасно затоплување на домовите, како и за намалување на трошоците за греење на долг рок. На јавниот повик можат да аплицираат сите жители на општината кои ги исполнуваат предвидените услови. Деталите за условите за учество, потребната документација, висината на субвенцијата и рокот за поднесување на барањата се објавени во рамки на повикот. Од локалната самоуправа повикуваат граѓаните да ја искористат можноста за финансиска поддршка и заеднички да придонесат кон создавање поодржлива и почиста Гази Баба. Линк до ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на печки на пелети за 2026 година.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti