Општина Бутел објави јавен повик тежок 4 милиони денари за поддршка на спортските клубови

Општина Бутел денеска распиша јавен повик за доделување финансиски средства во вкупен износ од 4.000.000 денари за поддршка на спортските клубови кои функционираат на нејзина територија. Средствата се обезбедени од буџетот на општината и се наменети за финансирање на програмските активности на спортските клубови. Право на учество имаат клубовите кои ќе ги исполнат критериумите и условите утврдени во јавниот повик. Од Општина Бутел посочуваат дека со оваа мерка продолжуваат да ги спроведуваат политиките за развој и унапредување на спортот, со цел создавање подобри услови за работа на спортските организации и поттикнување на младите да се занимаваат со спорт. Локалната самоуправа наведува дека континуирано инвестира во спортската инфраструктура и во поддршка на спортските клубови, истакнувајќи дека Бутел е една од општините што посветува значително внимание на развојот на спортот и спортските активности.
Povezane vijesti

Не играа а убаво заработија од СП: За Шакира 20 милиони долари, за Бекам 25

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата, соопшти АХВ
