klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 10:40:27

Општина Бутел денеска донираше 22.000 литри вода за пиење како поддршка за граѓаните на Гостивар, поради актуелната состојба со водоснабдувањето во градот. Од Општина Бутел информираат дека донацијата е реализирана со цел да им се помогне на граѓаните на Гостивар во услови на ограничено користење на водата за пиење. Градоначалникот Дарко Костовски им се заблагодари на членовите на Советот на Општина Бутел за поддршката на оваа иницијатива, како и на општествено одговорните компании од општината кои помогнале во обезбедувањето на донацијата. „Општина Бутел презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди 22.000 литри вода за пиење“, соопштија од локалната самоуправа. Донацијата е дел од активностите за солидарност и помош кон граѓаните на Гостивар додека трае состојбата со водоснабдувањето.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti